📷 🎥 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ВО ЈАНУАРИ ВО МИНИЈАТУРНО БИКИНИ И КРЗНЕНИ ЧИЗМИ Латино дивата ги „запали“ социјалните мрежи

Џенифер Лопез замина на одмор со семејството за да ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо, каде богатите и славните одат на зимување секоја година.

1,324

Џенифер Лопез замина на одмор со семејството за да ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо, каде богатите и славните одат на зимување секоја година.

Како што вообичаено се случува, таа објави интересни моменти од својот одмор во форма на фотографии и видеа. Моментот кој привлече најголемо внимание е фотографија во минијатурно бикини.






Со почетокот на новата календарска година, латино дивата одлучила на социјалните мрежи да сподели провокативна фотографија која веднаш стана вирална. Во црно бикини со златни детали, со каубојски шешир и крзнени чизми, Џенифер ја покажа својата неверојатна фигура. Притоа, носела и ланец во облик на срце. Фотографијата е доста предизвикувачка, а со секој свој нов потег и фотографија делува како Џенифер да сака да му покаже на поранешниот сопруг Бен Афлек што изгубил и дека таа ужива во животот со полно срце.

„Аспен, ќе се вратиме“, напишала кратко Џеј Ло заедно со фотографиите од одморот.

На фановите не им требаше многу време да ја опсипат со разни комплименти, иако ги имаше и оние кои коментираа дека очајнички се труди да го привлече вниманието на Бен.

„Фотографијата во бикини е прекрасна“, почнале да се нижат коментарите под објавата на Џеј Ло.

„Едноставно прекрасна“, напишал еден следбеник.

„Мило ми е што гледам колку си позитивна“, додал друг обожавател.

Џенифер Лопез беше во Аспен со 16-годишните близнаци Макс и Ема, мајката Гвадалупе, сестрата Линда и менаџерот Бени Медина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Поврзани содржини