📽 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СОЧНО ЈА БАКНА ТАНЧАРКАТА НА СЦЕНА Снимката го обиколува светот, предизвика бурни реакции

Латино дивата Џенифер Лопез (55) предизвика многу реакции откако страсно бакна танчар и танчарка на сцената на доделувањето на Американските музички награди (AMA), што се одржаа во понеделник во Лас Вегас.

1,635

Латино дивата Џенифер Лопез (55) предизвика многу реакции откако страсно бакна танчар и танчарка на сцената на доделувањето на Американските музички награди (AMA), што се одржаа во понеделник во Лас Вегас. Провокативниот настап на пејачката, која пред неколку месеци се разведе од актерот Бен Афлек, беше емитуван во живо пред милиони гледачи.

Многумина на социјалните мрежи напишаа дека нејзиниот настап предизвикал повеќе непријатност отколку воодушевување. Во текот на отворањето на настанот, Лопез извела микс од 23 познати песни од номинирани уметници, вклучувајќи ги „Birds of a Feather“ на Били Ајлиш, „Espresso“ на Сабрина Карпентер и „Texas Hold ‘Em“ на Бијонсе.

 







Реакциите на социјалните мрежи не одат во прилог на Џеј Ло. Многумина напишаа дека таа се обидува да ја копира Мадона, други дека тоа е „стар трик“ што можеби ќе функционирал во 2003 година, а повеќето се согласија дека нејзиниот настап бил „исфорсиран“, „непријатен“ и „обид за привлекување внимание“.

Што се однесува до самите награди, Били Ајлиш доминираше на вечерта – таа освои награди во сите седум категории во кои беше номинирана, вклучувајќи ги и главните награди за Уметник на годината и Омилен женски поп изведувач, Албум на годината, Омилен поп албум за „Hit me Hard and Soft“, Песна на годината и Омилена поп-песна за „Birds of a Feather“ и Омилен изведувач на турнеја.

Поврзани содржини