📽️ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СО ОВОЈ ПОТЕГ ГИ ПОТВРДИ ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОД ОД БЕН АФЛЕК Латино дивата и актерот од март на се заедно
Веќе некое време кружи приказната дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, а сега таа ја извади и бурмата.
Музичката и актерска ѕвезда Џенифер Лопез (54) објави видео на своите социјални мрежи, по што се засилија гласините за наводниот крај на бракот помеѓу неа и актерот Бен Афлек (51). Во видеото Џеј Ло седи и го рекламира својот бренд за убавина, а покрај видливото губење на килограмите, уште еден детаљ го привлече вниманието.
Во едноминутниот клип, таа ги повикува обожавателите да „покажат малку повеќе своја кожа“ за да се чувствуваат „самоуверени“ ова лето.
Џеј Ло во видеото носи шорцеви и горен дел – топ, но на раката го нема дијамантскиот венчален прстен, пишува „Пејџ сикс“.
Лопез видеото го објави во вторникот, а само неколку дена претходно, во текот на викендот, споменатиот прстен го носеше на раката за време на кампања.
View this post on Instagram
„Пејџ сикс“ претходно напиша дека Џенифер и Афлек не се заедно уште од март, а тоа го поткрепува и тоа што таа сама се појави на промоцијата на филмот „Атлас“ и на црвениот тепих на Мет Гала.
Џеј Ло неодамна лајкуваше објава на Инстаграм во која пишуваше: „Не можеш да изградиш врска со некој што е одвоен од самиот себе“, што ги поттикна фановите дополнително да размислуваат за распадот на нејзиниот брак.