ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СЕ РАЗВЕДЕ ОД БЕН АФЛЕК, АМА НЕ И ОД НЕГОВИТЕ ДЕЦА Згодната глумица на шопинг со 13-годишниот син на поранешниот сопруг

И покрај разводот од Бен Афлек, Џенифер Лопез се чини дека сè уште одржува силна врска со децата на Бен. Таа деновиве е фатена во шопинг со тринаесетгодишниот Семјуел Афлек, син на нејзиниот поранешен маж. Се разбира, луѓето секогаш можат да најдат маана на сѐ, па наместо да ја пофалат затоа што поминува време со детето на бившиот, ѝ забележуваат поради облеката што ја носи

872

И покрај разводот од Бен Афлек, пејачката и актерка Џенифер Лопез (56), за време на викендот е видена како купува во Беверли Хилс со Семјуел Афлек, тринаесетгодишниот син на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

Сепак, голем дел од коментаторите на социјалните мрежи не обрнаа внимание на самиот факт дека таа сѐ уште минува време со детето на Афлек иако нема никакви обврски, ниту пак семејни врски со него, туку ја коментираа нејзината гардероба.






На папарацо фотографиите што брзо станаа вирални на Инстаграм, Џенифер Лопез е облечена во краток топ со долги ракави, што го открива нејзиниот стомак кој патем, изгледа одлично и во црни панталони со низок струк. Иако сликите зрачат со семејна атмосфера и покажуваат колку Џеј Ло е посветена на својата улога како маќеа на децата на Бен Афлек, токму нејзината облека предизвика лавина од коментари.

Фотографиите од шопингот се појавија на еден профил на обожавател, а коментарите подолу ја поделија публиката.

„Колку е несоодветно за неа да носи таков топ! Зарем не разбира?“, „Зошто се облекува така пред деца?“, „Покажувањето на телото пред тинејџер е сосема несоодветно“, се дел од коментарите.

Џенифер и Семјуел се фотографирани како шетаат заедно низ луксузен трговски центар, а момчето на крајот носи голема чанта Баленсијага.

За потсетување, Лопез беше во брак со Бен Афлек од 2022 година, а разводот беше финализиран во јануари оваа година. Кога се венчаа, таа стана маќеа на неговите деца Семјуел (13), Фин (16) и Вајолет (19), кои актерот ги има од претходниот брак со Џенифер Гарнер.

Пејачката и актерка има близнаци, Ема и Макс, од претходниот брак, кои сега се 17-годишни тинејџери.

И покрај разводот, Лопез се чини дека сè уште одржува силна врска со децата на Бен. Самиот актер го потврди ова во април оваа година, кога изјави за Entertainment Tonight: „Џенифер Лопез е спектакуларна, одлична е со моите деца, таа има прекрасен и траен однос со нив.“

Тој додаде и дека ги сака нејзините близнаци и нагласи: „Нејзините деца се прекрасни. Таа е неверојатно важна личност, полна со интегритет, која ја обожавам и сум ѝ благодарен.“

Поврзани содржини