Со објавата на Инстаграм без грам шминка, латино-дивата Џенифер Лопез ги одушевила своите следбеници, покажувајќи им дека е како повеќето жени. Иако на нејзиното лице се гледаат подочници, пејачката изгледа одлично, со оглед на фактот што има 51 година.
Сепак, нејзината објава предизвика бурни реакции и поделени мислења.
Очигледно дека годините се само бројка за неа, така што Џеј Ло може без проблем да застане рамо до рамо со многу помлади девојки, бил ставот на еден дел од фановите, додека други ја обвиниле дека таа користи фотошоп и дека во живо не изгледа баш така.
„Јасно се гледа дека употребувала филтери“, искоментирал еден следбеник.
Погледнете ја фотографијата, па проценете сами дали латино-дивата ја средила својата фотографија или навистина вака изгледа штом стане од креветот:
FOTO: Instagram