📷 📽️ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СЕ ПОЈАВИ БЕЗ ГРАДНИК ВО „ГОЛ“ ФУСТАН Пејачката покажа дека конечно изгледа среќно по разводот

3,567

Пејачката и актерка Џенифер Лопез синоќа се појави на доделувањето на наградите „Гувернерс“ во Лос Анџелес. Џеј Ло истовремено изгледала и сексапилно и софистицирано на црвениот тепих во  предизвикувачкиот стајлинг.

Џенифер се појавила во проѕирен сребрен фустан со мониста, кој ја истакнал нејзината затегната фигура. Комбинацијата ја комплетирала со мала сребрена чанта. Посебен момент на тоалетата ѝ дал проѕирниот преден дел на фустанот со изрези, кој ги покажал облините на Џеј Ло.






Грбот на пејачката бил целосно гол, а бил украсен со мониста, кои ја истакнувале нејзината сексапилност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Џенифер по долго време е насмеана во јавноста, а многумина коментирале дека конечно изгледа задоволно по разводот од Бен Афлек. Последниве недели таа го обиколува светот промовирајќи го својот филм „Незапирлив“ (Unstoppable).

Некаде во периодот додека таа работеше на тој проект започнале проблемите во бракот со Бен Афлек. Уште од почетокот на нивното повторно спојување, сите беа скептични околу нивната врска и зборуваа дека нивната љубов нема да трае долго. Таа ги потпиша документите за развод во август, пред филмот да ја види светлината на денот. Џенифер и Бен беа во брак помалку од две години.

Џеј Ло во последно време сè почесто можеме да ја видиме со нејзините деца, ќерката Ема и синот Макс.

 

Поврзани содржини