Џенифер Лопез (51) во својата кариера често ја менуваше косата. Секој пат кога имала кратка, ставала екстензии и за миг стануваше „друга личност“. И за потребите на филмовите и разните настани, таа можеше да има коса каква што ќе си замислела во тој момент. Овој пат позираше за насловната страница на списанието „Aлур“ со многу кратка коса.
За оваа „влажна пикси“ фризура е задолжен нејзиниот стилист Крис Аплтон, кој се пофали со одличниот изглед на пејачката на својот инстаграм-профил.
На насловната страница, Џеј Ло има заводлив поглед, но нејзината влажна кратка коса прошарена со светли прамени „го краде“ вниманието. Иако овој нејзин изглед е привремен, ги изненади обожавателите ширум светот. Некои се згрозени и не веруваат во она што го сторила, додека други тврдат дека им е мило што излегла од својата зона на удобност.
– Кратката коса прекрасно ти стои – напишал еден следбеник на Инстаграм, а другиот не се согласил па порачал:
„За мене, ова е нејзиниот најлош едиторијал досега… Не ми се допаѓа.“
„Си се унаказила!“, следувал уште еден разочарувачки коментар.
Таа имаше пократка фризура на церемонијата на доделувањето на наградите АМА 2020, но оваа, која е осмислена за насловната страница на мартовското издание на „Алур“, што воедно ја одбележува и 30-годишнината од списанието, дефинитивно ги остави следбениците без зборови.
View this post on Instagram