Џенифер Лопез порано живеела како бездомник, а денес „тежи“ милиони ФОТО
Џенифер Лопез живеела како бездомник, а денес
Планетарно популарната музичка ѕвезда Џенифер Лопез важи за една од најуспешните жени на денешницата, иако нејзиното минато не е ни приближно на животот што го живее сега.
Џенифер Лопез е родена на 24 јули 1969 година во Бронкс, предградие на Њујорк. Нејзините родители се Порториканци, а својата блискост со мајка ѝ Гвадалупе (Лупе) секогаш со гордост ја истакнувала.
Детството го поминала во мал стан и во лоша финансиска состојба. Кога завршила средно училиште, Џенифер се нашла пред голема животна раскрсница и голема одлука. Мајка ѝ сакала да ја запише на колеџ, меѓутоа Џенифер имала сосема друг план.
Не сакав да продолжам со школување, сакав да танцувам и ништо друго.“
Кога на родителите им соопштила дека сака да стане актерка и танчарка, не ја добила поддршката што ја очекувала, поради што извесно време не била во добри односи со мајка си, но денес вели дека ѝ е благодарна за сè.
– Мислев дека ќе покаже сочувство. Наместо тоа, рече: „Немој никогаш повеќе да ме бараш додека плачеш. Сакаше да бидеш во оваа работа и подобро за тебе е да станеш силна. И станав силна. Се случи одлуката да го изберам својот сон да ми се одбие од глава. Извесно време живеев речиси како бездомник. Спиев на кауч во студиото за танцување, но, трудот се исплатеше – рекла пејачката во едно интервју.
Кога наполнила 21 година, се преселила во Лос Анџелес за да ги оствари своите соништа. Живеела со неколку цимери во еден стан, во не баш добри услови. „
– Се сеќавам дека имав доволно пари само за да си купам едно парче пица дневно – рекла Џенифер, чие богатство сега се проценува на стотици милиони долари.