🎥 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПЕЕЛА НА ИНДИСКА СВАДБА Индиските милијардери ѝ платиле 2 милиони долари за неколку часа
Ѕвездата која минатиот викенд настапувала на свадбата на индиски милијардер, според „Пејџ сикс“, била платена околу два милиони долари. Лопез ги извела своите најголеми хитови, меѓу кои „Waiting for Tonight“ и „Get Right“, а за време на настапот неколкупати го сменила сценскиот стајлинг.
Американската пејачка Џенифер Лопез минатиот викенд настапувала на свадбата на индиски милијардер, за што била платена околу два милиони долари, пишува „Пејџ сикс“.