🎥 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ, НЕОДОЛИВА И КАКО РУСОКОСА Американската глумица и пејачка изгледа непрепознатливо на новите фотографии на Инстаграм
Џенифер Лопез е русокоса поради улогата во новиот филм „Бакнежот на жената-пајак“ во режија на Бил Кондон.
Американската глумица и пејачка Џенифер Лопез изгледа непрепознатливо на новообјавените фотографии на „Инстаграм“, а некои обожаватели дури помислија дека тоа е Гвен Стефани.
Џеј Ло го промени својот изглед за својата нова улога. Имено, таа ja глуми улогата на Аурора во политичката драма „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman) во режија на Бил Кондон.
– Да се глуми Аурора беше како да се танцува низ златното доба на киното… Со сјај, гламур и многу танцување. Враќањето во времето никогаш не било позабавно“, напиша Лопез во објавата.
View this post on Instagram
„Бакнежот на жената-пајак“ ја раскажува приказната за политички затвореник, Валентино, кој е во затворска ќелија со Молина, осуден за нарушување на јавниот ред. Филмот првпат беше прикажан во јануари оваа година на Филмскиот фестивал „Санденс“. Во кината ширум светот доаѓа следниот месец.