📽 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ИМА БИЗАРНИ ПРАВИЛА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ Кој не внимава, веднаш добива отказ!
Музичката ѕвезда има бизарно барање до својот персонал - никој не смее да ја гледа в очи.
Латино дивата Џенифер Лопез се најде во центарот на вниманието среде гласините за развод од сопругот Бен Афлек, во меѓувреме ја откажа и летната турнеја поради проблемите во бракот, но и поради слабата продажба на билетите, а сега на површина излезе детаљ од нејзиниот живот кој не ја покажува во најдобро светло, пишува „Дејли мејл“.
Музичката ѕвезда има бизарно барање до својот персонал – никој не смее да ја гледа в очи.
– Една наша пријателка работеше на осветлувањето на нејзиниот концерт. На сите работници им беа дадени строги упатства: „Не гледајте во г-ѓа Лопез. Нема контакт со очите – напишал еден извор на социјалните мрежи.
„Познавам луѓе кои работеа во казино и им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите на Џеј Ло“, додал изворот.
@labellatini #stitch with @darianysantana nah. @JLO #jlo ♬ original sound – LABellatini
Џеј Ло наводно го вовела истото правило за своите возачи на лимузини, кои „не смеат ниту да ја гледаат во ретровизорите“, велат изворите.
Дополнително, се огласи и американска диџејка и водителка на поткаст, која на социјалната мрежа ТикТок ја сподели приказната за бизарното владеење на пејачката.
– Имам пријател кој го правеше озвучувањето на проектот на Џеј Ло и го избрка. Ја прекина целата продукција и тоа сè само затоа што ја погледна в очи – рекла таа. Инаку, се огласи лице кое работело во ски-центар во Калифорнија, кое тврди дека на персоналот им било кажано да не ја гледаат пејачката в очи.
Џенифер Лопез ги негира овие наводи.