ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК НА ВТОР МЕДЕН МЕСЕЦ Престојуваат во вилата на Џорџ Клуни на езерото Комо (ФОТО)

Пејачката и актерот, кои се повторно заедно по 20 долги години, минатиот викенд организираа голема свадбена прослава на имотот на Бен во Џорџија.

1,003

По првата венчавка во Вегас, Џенифер Лопез и Бен Афлек заминаа на меден месец во Европа со своите деца. Неколку дена уживаа во Париз, а потоа накратко заминаа во Италија. Сега, по големата и гламурозна венчавка за поширок круг пријатели што се одржа минатиот викенд, парот повторно замина на романтично патување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bennifer 💚 (@bennifer.id)







Жешкиот јули го поминаа во Париз, а потоа на патувањето им се придружија и нивните деца – близнаците на Џенифер Лопез кои ги има со Марк Ентони и трите деца кои Бен Афлек ги има со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

Пејачката и актерот, кои се повторно заедно по 20 долги години, минатиот викенд организираа голема свадбена прослава на имотот на Бен во Џорџија, САД, а набргу потоа решија повторно да побегнат на уште еден меден месец.

Овој пат изборот падна на саканата Италија, а се снимени само неколку дена по венчавката на бајковитото езеро Комо. Ова италијанско засолниште за богатите и славните го привлече и парот Афлек.

 


Папараците успеаја да ги фатат Џенифер и Бен на бродот како се гушкаат и разменуваат нежности.

Потоа, на социјалните мрежи се појавија фотографии од нововенчаниот пар во елитен ресторан на езерото, каде што Амал и Џорџ Клуни се чести гости. Некои странски медиуми напишаа дека всушност, Џенифер и Бен престојуваат во вилата „Олеандра“, која е сопственост на холивудскиот актер Џорџ Клуни.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини