ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ Е ГОРДА ШТО ГО НОСИ ПРЕЗИМЕТО АФЛЕК Пејачката се најде на насловната на „Вог“ (ФОТО)

Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас во јули оваа година, а следниот месец уживаа во уште една раскошна тридневна церемонија во Џорџија.

733

Познатата пејачка и актерка Џенифер Афлек (Лопез) е ѕвезда на новиот број на американски „Вог“ во кој зборува за бракот со Бен Афлек и за самодовербата која ја направила посилна од кога било.

Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас во јули оваа година, а следниот месец уживаа во уште една раскошна тридневна церемонија во Џорџија.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Таа во интервју за „Вог“ рече дека нивниот брак е модерна врска. Таа истакна дека е горда што го зела презимето на нејзиниот сопруг и дека чувствува дека таа одлука е „осилувачка“, а потоа рече дека нема ништо романтично во тоа.

Џенифер и Бен ја обновија врската по 18 години. Тогаш беа дури и свршени, но Бен ја раскина свршувачката пред да стапат во брак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


„Бевме толку млади и толку заљубени во тоа време, бевме навистина многу безгрижни… Ги живеевме нашите животи, бевме среќни. Не моравме од никого да се криеме или да бидеме дискретни. Само живеевме без да се криеме, па испадна дека ни се одби од глава. Имаше многу работи под површината, луѓе кои не сакаа да бидеме заедно, луѓе кои мислеа дека не сум вистинската личност за него“, рече Џенифер за тоа зошто таа и Бен раскинаа пред 20 години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини