📷 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ДОЖИВЕА НЕСРЕЌА НЕПОСРЕДНО ПРЕД ГОЛЕМИОТ НАСТАН Ја удрила главата и завршила на шиење
Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа во текот на пробата за нејзиниот претстоен настап на доделувањето на американските музички награди (АМАс). Судејќи според фотографиите, таа ја удрила главата и си го исекла носот.
Латино дивата Џенифер Лопез доживеа несреќа во текот на пробата за нејзиниот претстоен настап на доделувањето на американските музички награди (АМАс). Судејќи според фотографиите, таа ја удрила главата и си го исекла носот.

„Значи… Ова се случи“, напишала Џеј Ло во својата приказна на Инстаграм и објави фотографија на која држи ќесе со мраз на носот.

Потоа, на друга фотографија, таа покажа како изгледа нејзиниот повреден нос, а во третата објава позирала со лекарот кој ја зашил раната и му се заблагодарила.
„Една недела подоцна и со многу мраз, како нова сум“, напишала таа.

Да потсетиме дека Џеј Ло официјално се разведе од актерот Бен Афлек во февруари оваа година. Според судските документи, судија на Вишиот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднела барање. Во септември, двојката постигна договор преку медијација, со што ја избегнаа долготрајната судска битка.
Во неодамнешно интервју, Лопез откри дека им кажала на своите деца Ема и Макс, кои ги доби со музичарот Марк Ентони, дека се разведува.
– Им реков: „Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога ќе заврши, ќе излезам посилна и подобра.“ Тоа им го ветив и го исполнив. Сега тоа го чувствуваат и тие, а мене тоа ми носи голем мир – опишала Џенифер за „Ел Паис“.