Џенифер Лопез доби тужба поради фотографија на Инстаграм, ќе мора да плати 150.000 долари

899

Според пишувањата на „E! Њуз“, Џенифер Лопез поради фотографија на Инстаграм би можела да заврши на суд.

Според документите што ги собрал спомнатиот портал, њујоршкиот фотограф Стив Сандс ја тужел пејачката и нејзината компанија „Nuyorican Productions“ поради авторски права.






Поради кршење на правата, ќе мора да плати отштета во износ од 150.000 долари.

Сандс истакнал дека Лопез користела негова фотографија за да се промовира себе и својот бренд на Инстаграм, каде ја следат 119 милиони корисници, а не побарала дозвола од него.

Фотографијата е направена во 2017-та година, а објавена е во јуни истата година. Фотографијата која го прикажува само лицето на Џенифер собрала повеќе од половина милион лајкови.

Џенифер се уште ја нема тргнато фотографијата од профилот, ниту, пак, се има огласено по повод тужбата.

Поврзани содржини