ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЈА ОСВОИ ВЕНЕЦИЈА Свила и злато носат само кралиците! (ФОТО)
Што носеше Џеј Ло? Комплет од Долче и Габана со прекрасни цветни дезени надополнет со златна круна од цвеќиња. Над тоа зелена свилена наметка со фин вез повторно од цветни мотиви. Кралица на летото, можеби? Панталоните со висок струк ѝ беа раскошни, а врвовите имаа смарагди.
Вистинските кралици носат свила и злато, а на една дива како Џенифер Лопез тоа ѝ доликува. Уште повеќе, кога е во прашање шоуто на Долче и Габана насред Венеција таа мора да се облекува така! Штом зачекори кон глисерот кој ја однесе на ревијата, таа таму изненади со префинето парче облека, пишува Глорија.
Што носеше Џеј Ло? Комплет од Долче и Габана со прекрасни цветни дезени надополнет со златна круна од цвеќиња. Над тоа зелена свилена наметка со фин вез повторно од цветни мотиви. Кралица на летото, можеби? Панталоните со висок струк ѝ беа раскошни, а врвовите имаа смарагди.
А сандалите? Златни со украсни камења. Таа кралски се држеше покрај своите чувари и персонал, а во рацете држеше торбичка на која пишуваше „Посветеност“.
Видете сами и одлучете дали сето ова на нејзе беше премногу.
View this post on Instagram
Приказна за морето
Џенифер внимателно го документираше нејзиниот престој во Венеција и нејзиниот изглед на овој ексклузивен настан, по што објави неколку снимки на социјалните мрежи.
На крајот таа мораше да се прости од Венеција со фотографија на која позира со познатото дизајнерско дуо Стефан Габана и Доменико Долче, а сите тројца беа опкружени со мноштво италијански „морнари“ во препознатливи маици со сино-бели ленти. Вистинска приказна за морето.
И додека Џеј Ло ја тресе Европа, во папарацо-фотографите во Америка пробуваат да ја сликаат со Бен Афлек – човекот со кој пак се во романса. Тие во моментов се во потрага по заеднички дом во Лос Анџелес.
View this post on Instagram