Џенифер Анистон треба да биде убиена! Холивудскиот предатор сексуално ја вознемирувал актерката ФОТО

780

Американски „Нешенел енквајер“ во соработка со движењето #MeToo во октомври 2017 година го истражуваше тврдењето на неколку сведоци дека Харви Вајнстин сексуално ја вознемирувал познатата актерка Џенифер Анистон.

Кога Вајнстин за тоа бил известен од страна на неговата портпаролка, тој ѝ испратил имејл на кој наводно напишал: „Џенифер Анистон треба да биде убиена“.






Во имејлот кој според судската документација „Нешенел енквајер“ го испратил Вајнстин до својата портпаролка Сели Хофмајстер пишувало: „Џенифер му рекла на пријател дека Вајнстин за време на снимањето на филмот „Derailed“ во 2005 година сексуално ја вознемирувал така што од зад грб ја фатил за задникот“.

Понатаму во имејлот пишувало дека „Со години ја гледал во градите и ги движел усните, така што на Џенифер ѝ било непријатно“.

Инаку, Џенифер Анистон во интервју минатата година изјави дека филмскиот магнат за време на вечерата по повод филмот „Derailed“ се однесувал „недолично“ кон неа.

– Се сеќавам дека со Клајв Овен, нашиот продуцент и моите пријатели бевме на иста маса. Ми пријде и на мојот пријател на најгруб и арогантен начин му рече да стане. Си реков: „О Боже“, а Вајнстин седна. Се однесуваше недолично – изјави Анистон.

The Aniston emails are dated October 31, 2017, less than a month after the New York Times and New Yorker published exposés about Weinstein's alleged abuse, opening the floodgates for dozens of other victims

 

ФОТО: Принтскрин

Поврзани содржини