ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПО ТРЕТ ПАТ НА „ЛУДИОТ КАМЕН“? Голем дијамантски прстен блесна на нејзината рака

Дијамантскиот прстен покрена гласини за тајна свршувачка, иако никој со сигурност не знае дали Џенифер Анистон воопшто е во врска.

1,211

Актерката Џенифер Анистон блесна во полн сјај на доделувањето на SAG наградите. Популарната холивудска актерка на црвениот тепих се појави во елегантен фустан со голем шлиц и длабоко деколте, но вниманието го привлече огромниот дијамантски прстен на нејзината рака.

Прстеното покрена лавина шпекулации дека актерката е вљубена и решила по трет пат да застане на „лудиот камен“. Иако никој не знае дали актерката воопшто е во врска, сепак, дијамантскиот прстен покрена гласини за тајна свршувачка.






Во последните пет години, Џенифер не била забележана во врска, а во едно интервју пред две години изјави дека не размислува за брак.

– Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак – изјави актерката и призна дека би сакала да има врска со некого кој би ѝ бил партнер и би ѝ бил поддршка во животот.

– Сакам да бидам во врска… Којзнае? Има мигови кога сакам само да се стуткам и да речам: „Ми треба поддршка“. Би било прекрасно да си дојдеш дома и да се фрлиш во нечија прегратка, па да речеш: „Ова беше навистина тежок ден“- ијзави Џенифер Анистон пред две години.
Славната актерка зад себе има два неуспешни брака. Таа беше во брак со Бред Пит од 2000-та до 2005-та година, а во 2012-та се сврши со нејзиниот втор сопруг Џастин Теру, со кого се разведе во 2018-та година.

 

Поврзани содржини