ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПЛАЧЕШЕ НА ПОСЛЕДНАТА ЕМИСИЈА Завршува шоуто на Елен Деџенерис по 18 години (ВИДЕО)

Што е ова? Ова не требаше да биде емотивно. По ѓаволите, не требаше да биде вака, рекла Џенифер со солзи во очите.

1,232

Холивудската глумица Џенифер Анистон не можела да ги задржи солзите во познатото шоу на Елен Деџенерис, а причината била што шоуто ќе престане да се емитува по цели 18 години, пишува Точка. Причината за откажувањето на шоуто беше обвинението дека Елен се однесувала лошо со своите вработени.

– Што е ова? Ова не требаше да биде емотивно. По ѓаволите, не требаше да биде вака – рекла Џенифер со солзи во очите.






– Уште не е ни почнато – рекла водителката, а Џенифер истакнала дека две години не гостувала во живо.

– Не се шегувам, последниот пат кога бев на ваква сцена беше во твоето ток-шоу кога гостував кај тебе – рекла глумицата на што Елен ѝ возврати: „Знам“.

Неодоливата „Рејчел“ од „Пријатели“ била првата, а беше и последна гостинка во познатото шоу. Всушност, 52-годишната глумица гостувала дури 19 пати. Ете толку се блиски со Елен.

На крајот, Џенифер целата во солзи ѝ се заблагодари на Елен што ѝ овозможила да биде дел од нејзината емисија буквално уште од првиот ден.

Поврзани содржини