Славната актерка станала многу посесивна и си играла мачка и глувче со Џастин. Таа се обидувала да ги дознае сите детали од неговиот приватен живот.
Таблоидот „Нешенел еквајер“ оди чекор понапред тврдејќи дека таа се смирила со поранешниот сопруг Бред Пит само за да го направи Џастин љубоморен.
Да потсетиме, Џенифер Анистон по пропаднатиот брак со Бред, својата среќа се обиде да ја најде со три години помладиот актер Џастин Теру. Меѓутоа, двојката по две и пол години брак одлучи да се разведе.