Џенифер Анистон го објави најсмешниот момент од сетот на „Пријатели“ ФОТО

597

Холивудската миленичка Џенифер Анистон сè уште е под импресии, па на својот инстаграм-профил објавува фотографии од сетот на снимањето на специјалната епизода „Friends: The Reunion“.

Актерката во понеделникот објави неколку фотографии зад сцената од собирот на пријателите.






Можеби најсмешна од сите беше реакцијата на поранешниот колега Дејвид Швимер на средбата со пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, кои се појавија во текот на специјалната епизода.

„Кога ќе се судрат два сосема различни света – лицето на Швимер кажува сè“, напишала Анистон.

Актерката исто така објавила и селфи-фотографии на која „Пријателите“ позирале повторно собрани по 17 години.

„И понатаму уживам во љубовта со „Пријателите. Ви благодарам на сите“, напишала Анистон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини