Џенифер Анистон ги одушеви сите, особено медицинската сестра заразена со коронавирус ВИДЕО

1,245

 

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон (51) му помогнала на својот пријател, телевизискиот водител Џими Кимел, во остварувањето на големото изненадување за медицинска сестра заразена со вирусот ковид-19 поради што две недели се наоѓа во строга изолација од семејството и двете мали деца.





Актерката се вклучила во шоуто на Кимел преку видеоповик за да ја поздрави Кимбел Фербанкс, медицинска сестра од Јута, и јавно ѝ се заблагодарила, како и на сите други медицински сестри, за храброста и несебичноста да ги подредат своите животи на пациентите на штета на своето семејство.

– Само сакам да кажам – Бог да те благослови тебе и сите оние што го правите ова. Не знам со кои зборови да ја изразам својата благодарноста за сè што правите ставајќи го во опасност сопственото здравје. Неверојатни сте – рекла Џенифер Анистон.

Џенифер Анистон, која веќе три недели е во изолација од претпазливост во својот дом, на Кимбол Фербанкс ѝ дала подарок-картичка, со износ од 10.000 долари, а изненадувањето е уште поголемо што такви подарок-картички ќе добијат сите медицински сестри што работат со неа на одделот.

Мајката на две деца започнала да чувствува симптоми пред неколку дена , а потоа била хоспитализирана.

– Се чувствував како да ме удрил воз. Но, мислам дека имам навистина благи симптоми. Чувствувам како да имам настинка во комбинација со грип – рекла таа. Медицинската сестра објаснила дека сега е во карантин и дека не може да биде во близина на нејзиното семејство, нејзините две ќерки – едната има четири години, а помалата 18 месеци.

 

 

Поврзани содржини