Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

1,353

Холивудската миленичка Џенифер Анистон (52) врвот на својата слава го доживеа во серијата „Пријатели“ со улогата на Рејчел.

По долгогодишната пауза екипата повторно ќе се сретне и ќе сними специјална епизода, а обожавателите едвај чекаат повторно да ги видат на малите екрани.






Извор близок на актерката за магазинот „Клоузер“ рекол дека Џенифер во таа прилика ги израдувала своите колеги со веста дека ќе стане мајка. Анистон после двата разводи одлучила да посвои девојче кое го запознала во домот „Casa Hogar Sion“ во Мексико.

Актерката долги години финансиски го помагала сиропиталиштето и одлучила да посвои девојче. Официјално посвојувањето ќе биде готово во јуни оваа година.

– Џен беше уверена дека обединувањето со колегите е вистински момент да ја објави веста дека ќе стане мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но сакаше да ги изненади момците на снимањето – рекол изворот.

Поврзани содржини