ЕНЕРГИЈА ШТО СЕ ЧУВСТВУВА Природен баланс со dmBio и Mivolis, секогаш поволно во dm
Од dm посочуваат дека здравиот начин на живот не треба да биде краткорочна одлука, туку процес што се гради чекор по чекор.
Почетокот на годината сè почесто се доживува како можност за нов старт и воведување поздрави навики, но без притисок и радикални промени. Токму на тоа се темели и новата понуда на dm, каде што фокусот е ставен на енергија, природен баланс и грижа за себе на едноставен и достапен начин.
Од dm посочуваат дека здравиот начин на живот не треба да биде краткорочна одлука, туку процес што се гради чекор по чекор.
– Веруваме дека грижата за себе започнува со мали, но свесни избори. Затоа се стремиме да понудиме производи што се лесно достапни, практични и прилагодени на секојдневието на нашите купувачи – велат од dm.
Во современиот ритам на живеење, сè поголемо значење има органската храна. Производите од линијата dmBio се создадени од внимателно одбрани состојки, од контролирано органско потекло, без непотребни адитиви и со задржан природен вкус.
Од dm велат дека dmBio е наменет за сите кои сакаат чисти и хранливи оброци – без разлика дали станува збор за појадок, ручек или мала енергетска пауза во текот на денот.
– dmBio е наш одговор на потребата за едноставна, природна и квалитетна исхрана. Производите се практични, вкусни и лесно се вклопуваат во секојдневните рутини – посочуваат од компанијата.
Во актуелната понуда се вклучени палента, наут, напиток од овес, овесни снегулки од цело зрно, пире од домат, намаз од малини, мини переци од крупник, како и енергетски штанглици со кокос и црно чоколадо.
Покрај исхраната, dm нуди и практична поддршка за динамичниот начин на живот преку додатоците во исхраната Mivolis. Линијата опфаќа суплементи за енергија, имунитет и општа виталност, прилагодени на различни потреби.
– Со Mivolis сакаме да им помогнеме на луѓето полесно да се грижат за своето здравје, без компликации и со јасни, едноставни решенија – велат од dm.
Во понудата се вклучени магнезиум (обични и шумливи таблети), омега 3 и рибино масло, витамини за коса, селен, цинк со витамин Ц, како и комбинирани формули со витамин Ц, магнезиум, Б6 и Б12 – по секогаш поволни цени.
Со ваквата понуда, dm порачува дека грижата за здравјето не мора да биде сложена или недостижна, туку може да започне со едноставни, секојдневни избори.
– Нашата цел е да им бидеме поддршка на купувачите во секој чекор кон подобро чувство, повеќе енергија и природна рамнотежа – истакнуваат од dm.
Новата година, како што порачуваат од компанијата, е идеален момент патот кон енергија и природен баланс да започне таму каде што здравите навики се секогаш поволни – во dm.