ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ И МОДЕРНИ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА Кондовски вети центри за работа со талентирани ученици

Главен фокус ќе биде реконструкција на средни и основни училишта, подигање на енергетската ефикасност на училишните згради, поставување на енергетски ефикасни фасади и дрвенарија, фотоволтаици на кровот на училиштата како и промена на греењето во училиштата, вели Кондовски.

203

Децата, учениците се најдоброто од нашето општество и го заслужуваат токму тоа, најдоброто во тоа општество. Тие се нашата иднина во која треба континуирано да вложуваме. Учениците заслужуваат здрава околина, соодветно воспитување, квалитетно школување во современи училишни услови, рече Христо Кондовски кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

Тој изјави дека е во тек реконструкција на кровот и на надворешната столарија на основното училиште „Климент Охридски“ и  дека ќе се направат и пристапни рампи за децата со  посебни потреби. Инвестицијата е околу 100.000 евра.






– Главен фокус ќе биде реконструкција на средни и основни училишта, подигање на енергетската ефикасност на училишните згради, поставување на енергетски ефикасни фасади и дрвенарија, фотоволтаици на кровот на училиштата како и промена на греењето во училиштата. Со ова ќе се придонесе за почиста животна средина. Со проектот „Училиште на 21 век“ ќе се опремат сите кабинети по информатика со нова ИТ опрема, десктоп компјутери, интерактивни табли, принтери со цел да се развиваат дигиталните вештини кај учениците. Ќе се отвори центар за работа со талентирани ученици, на првенците на генерацијата ќе им се доделат вредносни ваучери во вкупна вредност од 5.000 евра. Ќе се изградат училишни спортски сали во секое училиште каде за тоа има потреба – рече Кондовски.

Тој најави дека ќе се отворат и четири нови градинки и дека ќе се формира младински центар во градот.

Поврзани содржини