„ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС“ ЌЕ ЈА СНАБДУВА СО СТРУЈА ОПШТИНА АЕРОДРОМ За една година Општината ќе плати 588.619 евра за струја
На отворената постапка за јавната набавка учествувале 4 фирми, а „Енерџи деливери солушнс“ е избрана како најповолен понудивач.
Општина Аеродром склучи едногодишна рамковна спогодба за набавка на електрична енергија за потребите на Општината со друштвото за трговија и услуги „Енерџи деливери солушнс “ Скопје
Вредноста на договорената набавка е 588.619 евра и не предвидува зголемување на ценатата на струјата до истекување на договорениот период од 1 година односно до исцрпување на договорениот износ на пари.
Општината ќе плаќа активна единечна тарифа за струјата во целиот период на траење на рамковната спогодба.
На отворената постапка за јавната набавка учествувале 4 фирми, а „Енерџи деливери солушнс“ е избрана како најповолен понудивач.