Енди Мареј е заразен со коронавирус

188

Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј е позитивен на коронавирус, но се надева дека сепак ќе може да настапи на Австралија Опен, што започнува на 8 февруари.

Мареј, кој во минатото пет пати губеше во финалето на Австралија Опен, се наоѓа во самоизолација и се чувствува добро.






Рејтингот на Мареј изминатите неколку години беше во постојан пад поради проблеми со повредата на колкот.

Моментно 123-то рангираниот на АТП листата доби покана за настап на првиот годинашен грен-слем турнир од организаторите во Мелбурн.

Поврзани содржини