🎥 ЕНДИ ДИК ПРЕДОЗИРАН И БЕЗ СВЕСТ НА УЛИЦА Познатиот комичар пушел крек со непознат маж
Американскиот комичар се предозирал и бил најден на улиците на Лос Анџелес без свест, а му помогнале минувачи. Сето ова може да се види на видеото што го објави ТМЗ. На видеото од следниот ден Дик објаснува дека пушел крек со непознат маж кој очигледно бил во депресија, а нему му паднало жал, па му се придружил
Американскиот актер и комичар Енди Дик бил пронајден без свест на улица во Лос Анџелес, а медиумите информираа дека станува збор за очигледно предозирање.
„ТМЗ“ објави видео од комичарот како седи на скалите и ја губи свеста. Минувачите кои му помогнале велат дека се предозирал и дека повикале брза помош.
Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес им рекол на медиумите дека отишле на местото на инцидентот поради предозирање на 59-годишен маж, кој не бил однесен во болница.
Енди Дик подоцна се огласи за медиумите и откри дека пушел крек со непознат маж што го сретнал на улиците на Лос Анџелес и призна дека понекогаш пуши крек.
– Имаше човек на мои години таму и ми беше жал за него. Има деца, беше депресивен и седеше на тротоарот. Пушеше крек и му реков: Знаеш што? Можеби и мене ми треба малку од тоа – вели актерот во второто видео на ТМЗ снимено ден по инцидентот.
Инаку, актерот се бори со зависност од дрога и алкохол со години.