ЕМИРАТИТЕ ГИ УКИНУВААТ ВИЗИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ Мицкоски очекува тоа да ги зајакне економските односи

Премиерот соопшти дека укинувањето на визите било македонско бара од последните средби со раководството на Емиратите.

361

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги укинуваат визите за македонските граѓани, сподели на Фејсбук  премиерот Христијан Мицкоски.

„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, напиша Мицкоски.

 






Поврзани содржини