„ЕМИРАТИ“ НА КРАТКО ГИ СУСПЕНДИРА ЛЕТОВИТЕ ДО ДУБАИ Известување за напад на аеродромот ги сопре летовите
Привремениот прекин на летовите беше поради известување за ирански воздушен напад на Меѓународниот аеродром во Дубаи.
Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека сите летови до и од Дубаи се суспендирани на неодредено време поради случувањата на Блискиот Исток.
Во објавата на веб-страницата на националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, се наведува дека летовите ќе бидат во прекин до „понатамошно известување“.
Сепак, по кусиот прекин утрово авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека ги продолжува летовите до и од Дубаи.
Привремениот прекин на летовите беше поради известување за ирански воздушен напад на Меѓународниот аеродром во Дубаи.
„Емирати“ во моментов извршува ограничен број летови од Дубаи и од Абу Даби преку безбедни воздушни коридори.