ЕМИНЕМ ОДБЕЛЕЖА 14 ГОДИНИ ТРЕЗНОСТ Денеска го слави 50-тиот роденден
Раперот, чие вистинско име е Маршал Матерс, е од пролетта оваа година трезен веќе 14 години, а низ претходните години не ја криеше борбата која ја водел со зависноста од лекови против болки и анксиозност.
Еден од најпопуларните музичари на светската рап сцена, Еминем, денеска го слави 50-тиот роденден, а тоа не е единствената импресивна бројка што ја дочека оваа година. Имено, тој исто така одбележува и 14 години откако е трезен.
Раперот, чие вистинско име е Маршал Матерс, е од пролетта оваа година трезен веќе 14 години, а низ претходните години не ја криеше борбата која ја водел со зависноста од лекови против болки и анксиозност.
Неговиот проблем со таблети против болки започнал за време на снимањето на хит филмот „8 Mile“ од 2002 година, каде раперот играше една од улогите..
Тоа траело одредено време, па дури и доведе до застрашувачки инцидент во 2007 година кога Еминем речиси фатално се предозираше. Тоа било повик за будење кој не само што го поттикнал да се отрезни, туку и повторно да ѝ се врати на музиката во која тогаш заборавил да ужива.
Минатиот месец Еминем се присетил на неговото закрепнување и тешкиот животен период кој е зад него.
„Се сеќавам кога првпат се отрезнив и сè ми беше недостапно, се сеќавам дека бев навистина среќен и сè беше повторно ново“, изјавил раперот.
Албумот „Relapse“ кој тогаш го издаде беше првиот во кој раперот уживал по долго време.
„Тоа беше како да почнав повторно да се забавувам со музиката и повторно да учам како да рапувам. Ми требаше многу време за мојот мозок повторно да почне да работи“, рекол тој.
Еминем е трезен од 20 април 2008 година, а истакнал дека на почетокот бил многу загрижен да не претрпел трајно оштетување на мозокот.
Тој исто така во една прилика изјави дека неговата зависност во еден момент била толку лоша што земал и по 20 таблети дневно.
„Користев таблети секогаш кога можев. Земав сè што ќе ми дадеа“, рекол своевремено Еминем.
Таблетите потоа ги заменил со вежбање, продолжувајќи да ги ниже и своите музички достигнувања. За своето животно искуство зборуваше во „Revival“, неговиот деветти студиски албум кој беше објавен во декември 2017 година, додека последниот кој го издаде беше „Music to Be Murdered By“ од 2020 година.
Ranije je spomenuo i kako je njegova ovisnost u jednom trenutku bila toliko loša da je uzimao i do 20 tableta dnevno.