ЕМИНЕ ЕРДОГАН Ѝ ПИША НА МЕЛАНИЈА ТРАМП Бара да се заложи кај Нетанјаху за децата во Газа

Глобалниот монитор за глад вчера објави дека градот Газа и околината официјално страдаат од глад и дека е веројатно дека тој ќе се шири. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече извештајот „чиста лага“ и тврдеше дека Израел има политика на превенција, а не на предизвикување глад.

529

Првата дама на Турција Емине Ердоган во писмо до сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, ја повика да стапи во контакт со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да застане во одбрана на децата во Појасот Газа.

Како што соопшти Канцеларијата на трускиот претседател, Емине Ердоган  била инспирирана од писмото што Меланија Трамп му го испрати на рускиот претседател Владимир Путин во врска со децата во Украина и Русија.






„Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца… ќе биде покажана и за Газа. Овие денови, кога светот доживува колективно будење, а признавањето на Палестина стана глобален тестамент, верувам дека вашиот апел за Газа ќе исполни историска должност кон палестинскиот народ“ пишува Емине Ердоган во писмо.

Од Белата куќа нема коментар за писмото.

Глобалниот монитор за глад вчера објави дека градот Газа и околината официјално страдаат од глад и дека е веројатно дека тој ќе се шири. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече извештајот „чиста лага“ и тврдеше дека Израел има политика на превенција, а не на предизвикување глад.

Поврзани содржини