ЕМИНА Е МИНАТО Мустафа Сандал се сврши со 20 години помладата девојка (ФОТО)
Идната невеста ги изненадила сите со изборот на фустанот, па за својот најубав ден избрала ништо помалку од црно од глава до пети.
Турскиот пејач Мустафа Сандал, поранешен сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, се свршил со две децении помладата девојка Мелис Сутшуруп.
View this post on Instagram
Парот прослави со разменување на бурми и торта, а за оваа пригода Мелис носеше црн фустан од тантела.
„Сега тој е мој свршеник, но ќе ми биде љубовник за цел живот“, напиша вљубената Мелис.
„Можеби некој имал автомобил пред мене, можеби некои девојки те чекале со мираз, можеби ти си крив… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да можеш да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме“, напиша две децении помладата Мелис Сутшуруп пред нешто повеќе од еден месец со мозаик од заеднички фотографии.
Парот сега навистина се заколна на вечна љубов, а фотографиите од свршувачката ги преплавија социјалните мрежи.
Без скап костум и бела фустан, Мелис и Мустафа решиле својата љубов да ја крунисаат со разменување на венчални прстени, но и далеку од медиумите. Идната невеста ги изненадила сите со изборот на фустанот, па за својот најубав ден избрала ништо помалку од црно од глава до пети.
View this post on Instagram
Во кругот на најблиските членови на семејството Мелис станала госпоѓа Сандал стана, а сѐ уште не е познато дали на свршувачката присуствувале и синовите на Емина и Мустафа, Јаман и Јавуз.
ФОТО: Инстаграм