📷 ЕМИНА ЈАХОВИЌ ПОВРЕДЕНА, ЗАВРШИ НА ПАТЕРИЦИ Пејачката се движи отежнато

Пејачката објави фотографија на која е доминантно помагалото со помош на кое се движи.

1,540

Пејачката Емина Јаховиќ доживеала несреќа со ногата, а сега објави фотографија на која е потпрена на патерица и со тоа ги загрижи обожавателите.

Таа објави фотографија на која е во лежерно издание, тренирки и патики, а доминантен дел од објавата беше помагалото со кое пејачката во моментот се движи.






– Животот ми порачува: Одмори – навела Емина.

Да потсетиме, Емина Јаховиќ неодамна се осврна на гласините дека покрај себе секогаш има добро ситуирани мажи.

– Многу ми пречат наслови во медиумите како: „Емина Јаховиќ најде милијардер“, а исто така и оние „Емина сега не е со милионер“. Отсекогаш сум заработувала и никогаш не ми требало маж да ми подари нешто, туку да се чувствувам безбедно со него во емотивна, а не во материјална смисла – изјавила Емина.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини