Eмина Јаховиќ го тужи Мустафа поради 26 неплатени алиментации, здравствено осигурување на децата…

886

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ,  турскиот пејач Мустафа Сандал, не плаќал алиментација за нивните синови Јаман и Јавуз 26 месеци, па според тамошните медиуми, пејачката ќе ја бара правдата законски.

– Освен алиментација, Мустафа не ги платил трошоците за летен одмор, за изнајмување возило и плата на возачот, што исто така се негови обврски, склучени со договорот што го имаа кога го решаваа прашањето за алиментацијата и трошоците. Тука е и здравственото осигурување на децата, кое Мустафа, како што вели Емина, исто така, не го регулира – изјави извор за српски „Телеграф“.






Емина и Мустафа се разведоа во 2018 година.

Ако се земе предвид дека тој требало да плаќа по 2.830 евра месечно, а и дека не платил 26 месеци, доаѓаме до цифрата од 73.580 евра.

– Требаше да купи куќа во Белград, но тоа не го направи. Денот кога се почувствував најлошо е кога ги однесов децата на лекар и кога дознав дека не им плаќал ниту здравствено осигурување – раскажа неодамна таа за магазинот „Стори“.

Поврзани содржини