Емина Јаховиќ е под стрес заради синот: Наишол на нејзини фотографии со новиот тип

747

Пејачката Емина Јаховиќ е бесна како рис на медиумите во Турција, кои ја следат во чекор и за нејзиниот љубовен живот пишуваат секој ден. Иако досега немала проблеми со синовите Јаман и Јавуз, што се однесува за врските после бракот, сега ситуацијата е поинаква, пишува Свет-Скандал.рс.

– Многу е тажна бидејќи нејзиниот постар син наврши 12 години и за роденден доби мобилен телефон. Како и сите деца, така и тој „сурфа“ на интернет за да игра игри, а попатно ги чита и вестите кои нон-стоп му се појавуваат. А, кога налета на приказната за неговата мајка и нејзиното ново момче, ништо не му беше јасно. Почна да ја распрашува Емина кој е тој и зошто  сето тоа го пишуваат. Нејзе сето тоа ѝ падна многу тешко, сето тоа е стресно за децата, особено по разводот на родителите. Многу плачеше, бидејќи децата се сѐ уште мали за да сфатат некои работи, а сепак доволно големи за на 8 и 12 години да видат дека нешто се случува и дека не може да ги лаже. Ова е страшно, Емина веднаш му објасни на Јаман дека нејзе и неговиот татко новинарите постојано ги бркаат и пишуваат сешто за нив – раскажува изворот близок на Емина за магазинот „Стар“.






FOTO: Instagram

Поврзани содржини
na