Манекенката и актерка Емили Ратајковски пред неколку дена се породи, на свет го донесе синот Силвестер. Тогаш објави фотографија на која го дои своето новородено.
Убавата манекенка сега на Инстаграм објави колаж од фотографии снимени за време и по породувањето.
„Меѓу напнувањата и првите моменти со Силвестер. Живот“, напиша Емили во описот на фоотграфијата.
Голем број обожаватели беа воодушевени и ѝ порачаа дека фотографиите се прекрасни и емотивни.
Емили на почеток на месецов се породи со синот Силвестер Аполо Бер. Таа и сопругот Себастијан се во брак од 2018 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм