Емили Ратајковски со шокантно откритие: Бев сексуално напаствувана од фотографот

2,354

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуално напаствување кое наводно се случило во 2012 година во неговиот дом во планинската област Кетскилс во американската сојузна држава Њујорк.

Ратајковски го изнела обвинението во подолг есеј што го напишала во магазинот „Њујорк“, а кој е објавен во вторникот. Во него манекенката тврди дека тогашниот агент ја испратил во домот на Ледер на неплатено снимање за магазинот „Дариус“ и дека тој ангажман барал да преспие во домот на агентот.






Манекенката вели дека по доаѓањето дознала дека ќе носи долна облека. Сакајќи да делува позрело, тогаш 20-годишната Ратајковски го прифатила црвеното вино кое Ледер ѝ го нудел во текот на вечерта.

„Научена сум дека важно е да се стекне репутација на добра работничка која не приговара“, напишала Ратајковски. „Никогаш не знаеш со кого ќе работи после тебе“, ми велеше.

Манекенката тврди дека Ледер после снимањето во долна облека ѝ рекол: „Ајде сега да се обидеме без облека“.

„Истата секунда откако ја соблеков облеката, дел од мене се исклучи“, раскажува Ратајковски.

„Почнав да лебдам надвор од себе, гледајќи како се враќам во креветот. Го извиткав грбот и ги истакнав усните. Се фокусирав на идејата за тоа како би можела да изгледам. Блесокот од фотоапаратот беше толку силен, а јас испив толку многу вино, поради што црните дамки пред моите очи само се зголемуваа.“

Подоцна, кога шминкерот кој работел на снимањето отишол на спиење, Ратајковски вели дека се чувствувала како да е целосно будна, но „многу, многу пијана“. Напишала дека таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот и дека фотографот ја испитувал за момчињата со кои била во врска и дека ја гледал додека ги триела стапалата за да се згрее.

„Ми рече дека му се допаѓа тоа што го правам со стапалата. На тоа се сеќавам најјасно. Го мразам тоа што Џонатан коментираше нешто што во текот на животот го правев за да се утешам“, напишала Ратајковски.

Манекенката во својот есеј детално опишува што се случувало потоа, вклучувајќи дека во неа пенетрирал со прстите и дека само се сеќава на болката додека тоа траело.

Подоцна објаснила дека колекцијата со фотографии кои настанале во домот на Ледер, објавени се во 2016 година во книгата „Leder/Ratajkowski Collector’s Edition“ од издавачката куќа „Imperial Publishing“, но тврди дека фотографот и издавачот немале право да ги користат тие фотографии.

Објавувањето на книгата фотографии и изложбата во врска со тоа, се обиделе да ги блокираат по законски пат.

 

Поврзани содржини