Манекенката и актерка Емили Ратајковски (29) објави дека е бремена со своето прво дете. Емили ја објави веста преку списанието „Вог“.
Манекенката позираше за насловната страница на магазинот „Вог“, а на Инстаграм објави фотографии со трудничкиот стомак, како и видео од самиот почеток на бременоста до моментот кога веќе не можела да го крие стомакот.
Ратајковски за „Вог“ изјавила дека тие не сакаат да го откријат полот на нивното неродено бебе. Таа зборувала за полот на бебето многумина ги збунила со својот став.
– Кога сопругот и јас ќе им кажаме на пријателите дека сум бремена, нивното прво прашање по честитките главно е „дали повеќе би сакале момче или девојче“. Нашиот одговор е дека нема да знаеме што имаме до 18-от роденден на детето – рекла убавата манекенка, која со сопругот Себастијан Беар-Меклард го чека првото дете.
Иако повеќето луѓе тоа го гледаат како шега, Емили смета дека полот на детето нема никаква врска со тоа како еден ден ќе се идентификува.
Емили ги изненади обожавателите и кога на Инстаграм во февруари 2018 година објави дека се омажила за продуцентот Себастијан, само неколку недели откако откри дека се во врска.
View this post on Instagram
Grateful & growing 👼 Thank you @voguemagazine for this very special cover.
ФОТО: Инстаграм