Емилија Рамбабова е новата пратеничка на местото на Шахпаска, во Собранието се врати и Зибери

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше пратениците дека пратеникот Зибери имал два негативни теста и оти според новиот протокол на Комисијата за заразни болести нема решение за изолација.

682

Собранието попладневo го верификуваше мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова од коалицијата, која доаѓа на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Во салата беа присустни 63 пратеници, а за верификација на мандатот гласаа 61 пратеник.

Пратеникот Панчо Минов образложи дека заради застапување на рамноправноста во Собранието е предложена Рамбабова да дојде на местото на министерката Шахпаска.






Со верификацијата на мандатот на Рамбабова, владејачкото мнозинство има повторно вкупно 62 пратеника. Во Собранието денеска беше и пратеникот Арбен Зибери, кој беше заболен од коронавирус, но последниот тест му беше негативен.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше пратениците дека пратеникот Зибери имал два негативни теста и оти според новиот протокол на Комисијата за заразни болести нема решение за изолација.

– За тоа сум обврзан да ве информирам – рече Џафери притоа посочувајќи дека самиот пратеник Зибери се обратил до него и доставил решение дека е слободен да дојде во Собранието.

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива побара разрешување на антикорупциската комисија бидејќи не постапува по случаи на судир на интереси и го обвини владејачкото мнозинство за, како што кажа, „криминализирање на институциите ДИК, МВР“, но и институтот пратеник.

– Човекот кој требаше да биде изолиран му дозволивте без никој да го види да го даде својот глас. Тоа е лоша порака – рече Реџепи, додавајќи дека Зибери тоа го сторил кога гласал за составот на влада.

Претседателот на Собранието објасни дека верификацијата на мандатот не е прашање на мнозинството, туку е уставна категорија.

Собранието претходно денеска со 98 гласа „за“, четири „воздржани“ и ниту еден глас „против“ ја усвои одлуката за изборот на составот на работните тела на Парламентот, предлог кој е усогласен со координаторите на сите пратенички групи.

Фото: ФБ

Поврзани содржини