ЈЕМЕНСКИТЕ ХУТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ОДМАЗДА ЗА СЕКОЈ НАПАД ВРЗ ТЕХЕРАН Најавија ескалација на воените операции против Вашингтон и Тел Авив
Јеменското движење на Хутите вети дека ќе ги ескалира воените операции против Вашингтон и Тел Авив доколку продолжат нападите врз Техеран, се посочува во соопштение од т.н. министерството за надворешни работи на движењето.
„Во случај на обнова на агресијата на Америка и на непријателскиот Израел против Иран и ‘оската на отпорот’, ставот на Јемен е цврст: активно учество и ескалација на воените операции“, се наведува во соопштението.
Хутите истакнаа дека изјавите на американското раководство за подигнување на конфликтот на ново ниво ги гледаат како поттик за преземање сопствени акции.
Движењето се вклучи во конфликтот на страната на Иран еден месец по неговиот почеток. Нивниот лидер, Абдел Малик ал Хути, претходно изјави дека нивните сили успешно ги спречиле САД и Израел да го користат Црвеното Море за напади врз Исламската Република, додека тензиите остануваат високи и во стратешката Ормуска Теснина.