ЈЕМЕНСКИТЕ ХУТИ НАЈАВИЈА ДЕКА ЌЕ ГИ РАКЕТИРААТ ИЗРАЕЛ И ПОМОРСКИТЕ ПАТИШТА Се очекува првиот напад
Хутите претходно ги суспендираа нападите врз бродската патека на Црвеното Море и Израел како дел од договорот со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп
Јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, одлучија да ги продолжат своите ракетни и беспилотни напади врз бродските патишта и врз Израел, изјави неименуван функционер на Хутите.
Според извори, првиот напад би можел да се случи уште вечерва, објави „Тајмс оф Израел“.
Хутите претходно ги суспендираа нападите врз бродската патека на Црвеното Море и Израел како дел од договорот со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучуваше и суспензија на американските напади врз нив.
Одговорот на Хутите следува откако Израел и САД денеска почнаа воздушни напади врз територијата на Иран, со цел да ја соборат власта во Техеран.