„ЈЕМЕН ГО ЧЕКА СУДБИНАТА НА ИРАН“ Израелските сили нападнаа пристаниште на Хутите
Судбината на Јемен ќе биде иста како и на Техеран. Хутите ќе платат висока цена за лансирање ракети врз државата Израел, изјави израелскиот министер за одбрана.
Судбината на Јемен ќе ја следи патеката на Техеран, предупреди израелскиот министер за одбрана Израел Кац, откако израелските воздухопловни сили во текот на ноќта извршиле нови напади врз пристанишниот град Ходеида во западен Јемен, јави Хина.
Оваа акција е директен одговор на континуираните ракетни и беспилотни напади на Хутите врз Израел.
– Судбината на Јемен ќе биде иста како и на Техеран. Хутите ќе платат висока цена за лансирање ракети врз државата Израел. Ќе продолжиме да дејствуваме во секое време и на кое било место за да го одбраниме Израел – додаде министерот Кац.
Израелската армија преку официјално соопштение информираше за нападот:
🎯STRUCK: Military targets belonging to the Houthi terrorist regime at the Hudaydah port
🔺Engineering vehicles
🔺Fuel containers
🔺Naval vessels
🔺Iranian smuggled weaponsThe IDF will continue to act decisively against threats—anytime, anywhere.
— Israel Defense Forces (@IDF) July 21, 2025
„Израелските воздухопловни сили ги гаѓаа терористичките цели на режимот на Хутите во пристаништето Ходеида, спречувајќи обид за обнова на уништената терористичка инфраструктура“.
Погодени се градежните машини што работат на реконструкција на пристаништето, резервоари за гориво и бродови што се користат за напади врз Израел и други пловни објекти во близина на Ходеида.
„Израелските одбранбени сили идентификуваа континуирани активности и обиди на силите на режимот на Хутите за обнова на терористичката инфраструктура во пристаништето; затоа, цел беа елементи што служат за понатамошно унапредување на овие активности“, се додава во военото соопштение.