ЕМАНУЕЛА ДОДЕВА ПРОДОЛЖУВА ПО СТАПКИТЕ НА МАЈКА Ѝ! Никој да не ја доживее болката и загубата што јас ги почувствував

Откако по смртта на баба ѝ и раѓањето на синот реши да се повлече од активностите со здружението БОРКА кое го водеше нејзината мајка, пејачката Биба Додева, по дијагностицирањето на нејзиниот дедо и смртта на нејзината блиска пријателка од истата болест, Емануела ја продолжи својата мисија и подготви нова ација: На 16 ноември, поканети сте да донесете книга во Бифе Тафталиџе, со кратка мотивациска порака за пациентите на онкологија, а за возврат ќе добиете бесплатно кафе.

949

Откако по смртта на баба ѝ и раѓањето на синот реши да се повлече од активностите со здружението за поддршка на пациентите со рак (БОРКА), кое го водеше нејзината мајка, пејачката Биба Додева, по дијагнозата на канцер на нејзиниот дедо и смртта на нејзината блиска пријателка од истата болест, Емануела Додева ја продолжи својата мисија која ја почна покрај мајка ѝ уште како дете.

Во 2022 година го формираше здружението „ЕЗРА“.






„Името „ЕЗРА“ има длабоко значење и е тесно поврзано со нашата мисија. Доаѓа од хебрејскиот збор „Ezra“ што значи „да помогнеш,“ „да поддржиш,“ „да заштитиш.“ Оригиналната форма на името, „Azaryahu“, значи „Бог помага“ или „Бог штити.“

Ова име ја отсликува суштината на тоа што се обидуваме да постигнеме – да бидеме поддршка, заштита и извор на надеж за сите кои се борат со рак и за нивните семејства“, вели Емануела со која разговаравме по повод новата акција која ја подготви со своето здружение.

„Со Шоте (Саша Шотаровски), од Бифе Тафталиџе, заеднички организираме настан под мотото „Мало дело, голема инспирација.“ На 16 ноември, сите кои сакаат да се приклучат на оваа иницијатива, ги каниме во Бифе Тафталиџе да донесат книга во која ќе напишат кратка мотивациска порака за пациентите, а како знак на благодарност, сите ќе добијат бесплатно кафе.

Собраните книги ќе бидат донирани на онколошкото одделение, збогатувајќи ја библиотеката на онкологија со „Книги на надеж“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини