ЕМА: Украдените податоци пред објавувањето се „монтирани“ против доверба во вакцините
Пред објавувањето на податоците, сторителите прилагодија одредена преписка на начин што може да ја наруши довербата во вакцините - се вели во соопштението на ЕМА.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска потврди дека податоците објавени на интернет по кибер нападот врз нив минатиот месец вклучуваат внатрешна и доверлива е-пошта од ноември за процесот на проценка на вакцините против ковид-19.
ЕМА, која одобрува лекови, медицински помагала и вакцини за ЕУ, не даде повеќе детали, но изрази голема загриженост во изјавата за последиците што може да резултираат од објавувањето на податоците.
– Пред објавувањето на податоците, сторителите прилагодија одредена преписка на начин што може да ја наруши довербата во вакцините – се вели во соопштението на ЕМА.
Агенцијата на ЕУ во декември потврди дека била цел на кибер напад и дека случајот се истражува со помош на полицијата