Ема Робертс роди син

1,155

Холивудската актерка Ема Робертс (29) го доби своето прво дете, со своето момче Гарет Хедлунд (36).

Робертс се породила во неделата во Лос Анџелес, пренесува „Ентертејнмент тунајт“.






Веста дека внуката на холивудската ѕвезда Џулија Робертс,  Ема, е бремена одекна во таблоидите во јуни, но таа ја потврди својата бременост дури два месеца подоцна. Во август на својот инстаграм-профил објави фотографија на која се гледа трудничкиот стомак и откри дека таа и Хедлунд чекаат машко бебе.

Ѕвездата на серијалот „Американска хорор приказна“ и нејзиниот 36-годишен партнер, актерот Гарет Хедлунд, се во врска од март 2019 година, кога беа забележани заедно непосредно откако таа ја прекина свршувачката со Еван Питерс.

Поврзани содржини