ЕМА откри колку дози од вакцините се потребни за заштита од делта сојот

Европската агенција исто така изјави дека постојат добри научни докази дека комбинирањето на две дози на различни вакцини е „безбедно и ефикасно“ во борбата против короната.

1,728

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека се потребни две дози од вакцините против ковид-19 за заштита од делта сојот, кој е многу позаразен и кој предизвика нов бран на коронавирусот во многу земји.

– Прелиминарните докази покажуваат дека и двете дози на вакцините против ковид-19 се потребни за да се обезбеди соодветна заштита од делта сојот – се вели во соопштението од ЕМА пренесено од „Еуроњус“.






ЕМА исто така соопшти дека е од суштинско значење земјите да ја забрзаат кампањата за вакцинација и да доставуваат други дози на вакцина со цел да се спречи појавата на нови видови, колку е тоа можно повеќе.

Европската агенција исто така изјави дека постојат добри научни докази дека комбинирањето на две дози на различни вакцини е „безбедно и ефикасно“ во борбата против короната.

– Оваа стратегија може да овозможи побрзо да се заштити населението и подобро да се користат достапните вакцини – велат од ЕМА, додавајќи дека сè уште е „прерано“ да се каже дали ќе биде потребна дополнителна доза во иднина.

– Сè уште нема доволно податоци од кампањите за вакцинација и студиите за тоа колку долго ќе трае заштитата на вакцините – наведува агенцијата.

ЕМА повторува дека сите вакцини дозволени во ЕУ – „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ обезбедуваат „висока заштита“ од сите видови што моментално циркулираат во Европа, особено кога станува збор за тешки симптоми и хоспитализации.

Во исто време, се препорачува да се користат две дози во „најкраткото препорачано време“.

Покрај промовирањето на вакцините, европското регулаторно тело ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон епидемиолошките мерки на физичко растојание и носење маски.

Поврзани содржини