ЕМА ОДЛУЧУВА ДА ОДОБРИ УШТЕ ЧЕТИРИ ВАКЦИНИ Се испитуваат вакцините на Кјурвак и на Новавакс
Лекарот Марко Кавалери, шеф на одделението за стратегија за вакцините на европската агенција вели дека тоа регулаторно тело во моментов ги разгледува резултатите од вакцините произведени од компаниите Кјурвак и Новавакс.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе одлучува дали уште четири вакцини против коронавирусот, вклучувајќи ги кинеските и руските вакцини, треба да ги препорача да добијат дозвола за употреба во Европа до крајот на годинава.
Лекарот Марко Кавалери, шеф на одделението за стратегија за вакцините на европската агенција вели дека тоа регулаторно тело во моментов ги разгледува резултатите од вакцините произведени од компаниите Кјурвак и Новавакс. Надлежните од агенцијата планираат да разговараат за тие препарати со двете компании следниве недели. Претходно годинава компанијата Кјурвак пријавила дека нејзината вакцина е ефикасна помалку од 50 отсто, додека Новавакс навела дека нивниот препарат е ефикасен околу 90 отсто.
Новавакс соопштил дека ќе бара одобрение за употреба прво во земјите во развој и дека нема да се упати на ЕУ ила на американскиот пазар.
Кавалери изјавил дека разговорите со кинеските и со руските произведувачи на вакцини биле конструктивни но дека се потребни уште податоци.