Поранешната членка на поп-групата „Спајс грлс“, Ема Бантон се омажи за пејачот Џејд Џонс, по 23 години во љубовна врска. Таа објави фотографија од свеченоста на Инстаграм.
Ема носела краток бел фустан со долга наметка и букет во рацете, а Џејд бил во маица, панталони и јакна од „Гучи“.
„Господин и госпоѓа Џонс“, кратко напиша Ема во описот на една слика. Двојката е заедно од 1998, а се свршија во 2006 година. Заедно имаат две деца.
Обожавателите на музичката двојка се воодушевени од среќната вест.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм