ЕМА: Две дози од вакцините штитат од делта сојот

Агенцијата потврди дека мешањето на вакцини за двете дози е исто така ефикасно за намалување на ризикот и заштита против сите соеви на ковид-19.

374

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека две дози од вакцините одобрени во ЕУ се ефикасни против делта сојот и препорачува да се комплетира вакцинацијата на најранливите лица што побргу, јави дописничката на МИА од Брисел.

Докторот Марко Кавалери од ЕМА порача дека агенцијата е свесна дека новата мутација на вирусот, позната како делта, брзо се шири во Европа и дека во овој момент вакцинацијата се чини единствен начин да се спречи нов смртоносен бран како претходните.






– Се чини во овој момент дека целосна вакцинација со вакцина одобрена во ЕУ заштитува против сите соеви на вирусот, вклучително и делта сојот, докази од реалниот свет покажуваат дека две дози заштитуваат од делта сојот, а во лабораторија се покажува дека антителата исто така го неутрализираат – изјави Кавалери.

Тој побара од властите во земјите на ЕУ да продолжат со мерки за заштита на јавното здравје со посебен фокус на најстарите и најранливите категории граѓани за да се спречи дополнително ширење на вирусот подоцна во текот на оваа година.

ЕМА потврди дека мешањето на вакцини за двете дози е исто така ефикасно за намалување на ризикот и заштита против сите соеви на ковид-19.

Поврзани содржини